Колев: Не се сомневаме дека Петков нема да ги поддржи нашите барања

Бугарите во РС Македонија не се сомневаат дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе ги поддржи нивните „праведни барања“, изјави Петар Колев, лидер на партијата Граѓанско демократска унија (ГДУ), одговарајќи на прашање на БГНЕС за целта на нивната посета.



„Денеска сме во Софија за да добиеме информации од прва рака, од бугарската влада, од бугарскиот претседател од бугарското народно собрание.

Овие преговори одлучуваат за нашата судбина и за судбината на нашите деца, дали тие ќе продолжат да живеат како втора категорија граѓани или ќе станат полноправни и рамноправни граѓани на сопствената земја. Се решава судбината на нашето историско минато и културно-историското наследство во Македонија“, нагласи Колев.

Тој изјави дека Бугарите во РСМ повеќе не прифаќаат рушење на спомениците на нивните дедовци, не прифаќаат нивните деца на училиште да бидат индоктринирани со антибугаризам и омраза кон Бугарија.