(…)



Иако мнозинство граѓани не веруваат дека земјата се движи во погрешна насока, водечките владини политичари не го менуваат правецот што го води народот кон јамата. Освен раководството на партијата, тоа најмалку го чувствуваат и оние четириесетина мртви риби во Собранието на Северна што се претставуваат како народни пратеници од редовите на СДСМ и нивните боранија коалициски партнери од македонскиот блок, пишува новинарот Панде Колемишевски во редовната колумна во Нова Македонија .

„Сегашниот СДСМ не може да се кити со перјата на претседателот Киро Глигоров и со основачите на партијата што ги удрија нејзините темели“… а „СДСМ најмалку може да се гордее со периодот на владеењето на Зоран Заев, најголемиот лажен трговец со души во Македонија“. Заев ја затресе Македонија со магнитуда од 8- 9 степени по Рихтер. Го врати македонскиот народ историски еден век наназад и го принуди да се докажува кој е и што е во наредните децении, вели Колемишевски.

Тој за пратениците од редовите на СДСМ вели дека се тоа „четириесетина партиски заробеници, кои се слепи, глуви и неми, не смеат да кажат барем еден збор дека нивната партија треба да застане пет минути, да земе здив и да види каде греши во вештачки форсираната безгрешност. Кој закон ќе го прифати, кој ќе го отфрли. Дали навистина е добар и оној закон што е очигледно штетен, практика што не е правило, но не е и исклучок.

Ако од една страна за СДСМ се уверливи убедувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е во заложништво на Левица, не би требало да се отфрлаат со леснина обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ е во заложништво на ДУИ.

Братската прегратката со која ДУИ го има прегрнато СДСМ е толку силна што може да доведе до задушување на прегрнатиот. Од тој јавен преграб е изродена коалицијата заснована на стратегијата „парата врти кај што бургијата не може“ и која ни „топ не ја бие“ ако самата не се убие.

Јавните манифестации и изјави на дел од раководството на ДУИ се плуканици врз лицето на СДСМ, иако во партијата радосно толкуваат дека тоа се плодоносни капки дожд.

Дриблањето, исмевањето и понижувањето на македонскиот народ што бесрамно и грдо го прават Артан Груби и дружината, политичкото психолошко насилство што го вршат во државните канцеларии не е прилог кон градење и оддржување меѓусебна доверба и европско единство. Од таквите намерно провокативни реакции нема штета ДУИ, непроценлива штета има СДСМ. Сето тоа се запишува во неговото негативно досие“, пишува, меѓу другото, Колемишевски.