„Појавата ‘забивање нож в грб’ не го одмина ниту доскорешниот партиски и владин претседател Зоран Заев. Мора во неговиот владин кабинет да имало некој, што не го поднесувал Заев како шеф, кој само за една нецела година му ‘заби два ножа во грбот’, фаќајќи ги во криминогени дејанија двајцата генерални секретари на Владата. –
пишува Панде Колемишевски во својата колумна со наслов „Кој со нож се служи, од нож ќе настрада“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
„Предавајќи ги во рацете на полицијата и обвинителството, тој мистериозен крт можеби не му ‘заби нож’ директно во плеќи, но уште повеќе му го компромитира, му го извалка образот.“
„Тој, засега непознат свиркач, сигурно се вртел во близината околу премиерот, можеби му бил и пријател и доверлив човек, но едвај чекал да му се одмазди, пријавувајќи ги во полиција како криминалци, прво Рашковски, а потоа Мухамед Зекири. Своевиден ‘нож во грбот’ му заби пред извесно време и генералниот секретар на партијата Александар Кирацоски, кој даде оставка по компромитациите поврзани со Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.“
„За една година двајца генерални секретари на Владата, што ја предводеше Заев, се најдоа во затвор, третиот, а партискиот, куртули од решетки. И Боки 13 се обидува преку отворени писма да ‘му светне еден нож’, ама дебели се ѕидиштата на ‘Идризово’.“
Изразот ‘нож во грбот’ оначува тешко предавство од некого кого сме го сметале за близок човек, верен пријател, од некој кому сме му верувале и сме му се доверувале.“ – нагласува Колемишевски во својата колумна, покрај другото.
Интернет-врска до целата колумна:
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/koj-so-nozh-se-sluzhi-od-nozh-kje-nastrada/





