„Во Република Македонија, сега ‘северна’, говорот на омраза е главно насочен кон Македонците како народ, кон македонизмот, кон неговите историски национални и културни достигнувања. Тој говор на омраза кон Македонија го шират и чинители надвор и елементи дома. Под превезот на барањата за некаква ревизија на минатото се крие омразата кон него, кон светлите години на развој што ги доживеа македонскиот народ.“ – вели Панде Колемишевски во својата статија со наслов „Антимакедонскиот говор на омраза “, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Колемишевски пишува. „Говорот на омраза зазема сѐ поголем простор во политиката и медиумите. Во македонскиот јазик зборот ‘омраза’ се толкува како силно чувство на непријателство, одбивност спрема некого или нешто. Цел на тој говор на омраза се македонската државна самостојност и обидите да си ги зачува сувереноста, дигнитетот и авторитетот. Раширени на повеќе страни се антимакедонски пропагандисти, тие цутат во политичките партии, во медиумите, во цивилните друштва и во таканаречени невладини организации.“
„Во силна офанзива се наследниците на оние што беа на страна на нацизмот и фашизмот, разни ретроградни сили од кои Македонија никогаш не била оставена на мир. Во тие борбени редови за постепено уривање на Македонија преку ширење говор на омраза кон Македонија и Македонците се наредени личности со промашени кариери, инородни политичари и новинари, корисници на странски донации и гратис пари, еден куп анационални типови, кои бесрамно го користат говорот на омраза да го сотрат големото македонско дело.“ – вели Колемишевски во својата анализа, покрај другото.
Интернет – врска до целата анализа:
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/antimakedonskiot-govor-na-omraza/





