„…Таа е слика што ги покажува неформалните граници на етничката поделеност меѓу Македонците и Албанците на територијата на Република Македонија (Северна) и на можната евентуална поделба на таа територија во некои претпоставени околности, поделба каква што беше направена од окупациските сили во Втората светска војна. Кога ќе се погледне опсегот со сината и црвената боја, речиси е неизбежна асоцијацијата или споредбата со картата на голема Албанија, која сѐ почесто ја објавуваат албанските националисти, а во која е вклопена токму таа територија од сегашна Република Македонија, од Липково до Струга, со додадени клинови и кон внатрешноста“, пишува новинарот и поранешен долгогодишен главен уредник и директор на Нова Макњедонија.

(…)Сликата сигурно дека не е драматична сама по себе. Но ако се имаат предвид политичките процеси и движења на Балканот, во кои се вклопуваат сѐ поотворените чекори за бришење на границите меѓу Албанија и Косово, како и предлозите за припојување кон нив на Прешевската долина, не може во тој склоп да не биде засегната и Македонија со нејзината сегашна територија.
(…)Додворувањето кон албанските политичари во Македонија и до гласачите Албанци беше видливо и при последната кампања за претседателските избори, каде што преку поданичкото однесувањето на двајцата кандидати се покажаа македонската немоќ, недостоинственост и „клањање кон други идоли“.
И не се случајности, не се лаги дрските, груби, навредливи тврдења од видни албански челници дека Албанците владеат со Македонија, дека тие на Македонците им избираат претседател на Собранието, на Владата и на државата, тврдења што во заднината содржат и своевидна закана до македонските политичари и граѓани да внимаваат како постапуваа, Пишува Колемишевски во колумна за „Нова Македонија“.





