Директорот и уште 5 вработени во Зоолошката градина во Скопје, добија кривични откако се појавија информации дека пред два дена во скопската Зоолошка биле заклани десетина коњи и мазги, соопштија од МВР. 



Вчера попладне привеле пет лица вработени во Зоолошката како и еден надворешен соработник под сомение дека убиените животни ги користеле за храна за останатите во Зоолошката.

При извршена обиколка и по претходно добиени сознанија полицијата во Зоолошката затекнала вработените во помошните простории на Зоолошката градина каде подготвувале храна за животните. Откриле дека 12 коњи и една мазга ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

На ова реагираше и здружението за заштита на живтони Анима Мунди кои ја окарактеризираа како монструозна одлуката на директорот.

„Згрозени сме од вчерашните настани во Зоолошката градина во Скопје.Свирепо убиство на копитари е надвор од сите законски прописи и правилници е нешто што не е одлика на нормална држава, туку примитивно племе!Монструозната одлука на сега поранешниот директор Кристијан Стаменов е нешто невидено, нечуено и нешто што не смее да се случи во една јавна институција.“- Анима Мунди.

Во меѓу време од Град Скопје соопштија дека го разрешиле Стаменов и дека се оградуваат од неговите индивидуално преземените дејствија. Тој претходно за дел од медиумите тврдеше дека животните ги добиле од Агенцијата за запленет имот, при акции за фаќање дрвокрадци и шверцери“.