Колапс на македонска амбасада: Граѓани чекаат со часови

Проблемот со издавањето на македонските пасоши предизвика сериозни проблеми за дијаспората во светот.



Во некои држави македонските државјани мораат со часови на топлото време да чекаат за да се осигураат дека нема да останат без соодветни документи во земјите каде што живеат.

Една од. Ајмнигу погодените заедници е во Берн, Швајцарија.

“Не, не е Куманово, туку е колабирана амбасада на Министерството за надворешни работи на Македонија во Швајцарија, каде стотици граѓани чекаат во редици со часови затоа што државата не е во можност да издаде нови пасоши или да обезбеди продолжување на истечените пред 1 август. За жалење. Нашата дијаспора заслужува подобро!”, пишува Арбен Фетаи македонски експерт кој работи во Брисел а кој е еден од луѓето кој ја креира дипломатската политика на Алијанса на Албанците.