Сега веќе екс министерот за финансии Драган Тевдовски го демантира премиерот Заев дека ќе му биде советник во министерството за финансии кое Заев сака да го води дури и ако формално не е министер.
Заев пред неколку дена најави дека Тевдовски ќе остане како негов советник во финансии но екс министерот вели дека се враќа на факултет без воопшто да спомене било какво советување на Заев или било каква активност во министерството за финансии.
„Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.
Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет.“, напиша Тевдовски на Фејсбук демантирајќи го Заев.





