Која министерка според Апасиев јаде ла*на на латински?

Професорот и член на раководството на Левица Димитар Апасиев реагира на најавата на министерката за правда Рената Дескоска за промена на Законот за јавни обвинители за кој се потребни 61 пратеник за да се донесе законот за СЈО.



Дескоска се закани дека ако СДСМ не собере 80 пратеници ќе го спасува СЈО со друг закон.

“Ногу ми е мерак коа ја глеам Министеркава за правда како јаде ла*на на латински”, пишува Апасиев кој на Дескоска и порачува: #СкинетеТоаДипломите

Користење на закони за кои е потребно просто мнозинство за да се надгласаат ситуации регулирани со системски закони за кои се потребни 2/3 пратенички гласови меѓу правниците се смета за нелегитино поведение кое го урива правниот систем.