Која ќе биде новата цена на парното?!

Цената на парното ќе биде позната утре, но ќе нема ценовни шокови – уверува првиот човек на Регулаторната комисија Марко Бислимовски. Според него, поради инфлацијата, сите давачки на компаниите се зголемени, но не верува дека ќе има поголемо зголемување од 5%. Тоа би значело плус 50-60 денари за просечен стан.



  • Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5% коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави Бислимовски за Сител.