Која е владината повереничка за криминалниот закон со кој Македонија може да загуби до 2 милијарди евра

Која е владината повереничка Елена Паговска Пелтековски која стои зад законот за грчката компанија Митилинеос со кој Македонија може да загуби до 2 милијарди евра.



Иако вообичаено за вакви закони владата поставува повереници со повисок професионален или политички профил сега за скандалозниот закон кој СДСМ и ДУИ го туркаат во собранието е поставена Елена Паговска Пелтековски за пошироката јавност непознат помошник секретар во Секретаријат за мониторинг и подршка на институциите и телото за стратешки инвестиции во кабинетот на екс премиерот Ковачевски.

За законот што го предлага владата за кој владини претставници се екс премиерот Ковачевски, вицепремиерот Битиќи и министерот за економија Бектеши повереник е личност која нема речиси никакво искуство во ваков вид на операции.

Според најавите Елена Паговска Печтековски нема да биде на листите за пратеници на СДСМ и за разлика од Ковачевски, Битиќи и Бектеши нема да го ужива пратеничкиот имунитет кога следната власт ќе прави ревизија на проектот кој на Македонија може да и направи штета од 2 милијарди евра.

Повереничката за криминалниот закон во исто време е член на управниот одбор на Развојната банка на Македонија каде во нејзината биографија стои дека во нејзината кратка кариера исклучиво во владата на СДСМ нема никакво друго банкарско искуство.

Што пишува за неа во биографијата на Развојната банка на Македонија:

Елена Паговска Пелтековски е родена 1984 година во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на Катедрата за менаџмент. По магистрирањето на Економскиот институт при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на Катедрата за меѓународен менаџмент, својата кариера ја започнува во Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, како соработник во Секторот за финансиски прашања. Во текот на својата кариера работи како раководител на секторот за финансиски работи при Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, помошник секретар за финансиски прашања во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, во Секретаријатот за мониторинг и поддршка на институциите при имплементација на програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија и на стратешки проекти.

Поврзана вест

Криминал на столетието

На Македонија и се заканува монструозна кражба на 2 милијарди евра преку кадри на СДСМ и ДУИ (ВИДЕО)

Фото LinkedIn