Која е најопасната скопска улица во моментов?

Во скопската општина Центар, населба Капиштец се наоѓа улицата Васил Ѓоргов која во моментов е една од најопасните улици во главниот град.



Причината се отворените шахти кои ги има на повеќе локации а во неа можат да паднат и невнимателни возачи но и деца.

Отворените шахти се обезбедени со поставување на метални капаци. Зошто со истите не се покриени дупките засега нема објаснување од градот Скопје кој на една од најфрекфентните улици врши обновување на коловозот.