Мистериозна русокоса непозната за пошироката јавност ,,има огромна среќа” често пати да се среќава со рускиот претседател Владимир Путин.
,,Блондинката” најмалку три пати минатата година се нашла на место каде што бил Путин демек случајно.
Русокосата на возраст од околу 35 години се нашла на место каде рускиот претседател правел пропагандни фотографии: во црква, со морнари и со припадници на руската армија.
Според коментари на социјалните мрежи се работи или за русинка која има неверојатна среќа секогаш да се погоди на место каде Путин прави пропаганда или за дел од пропагандиот тим на Кремљ или пак дека е дел од личното обезбедување на Путин кој дури и за ПР активности верува само на своите бодигарди.





