Иако со месеци во јавноста има шпекулации дека претседателот Иванов е под силен притисок да се согласи со Преспанскиот договор и предходно со Законот за јазиците кои што не ги потпишува, вчера за прв пат тој јавно призна дека навистина е под притисок.
Според Иванов се работи за обиди за притисок.
“Затоа, не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Нема да ме поколебаат разните обиди за притисоци. Останувам доследен на мојот принципиелен став”, порача вчера претседателот од Мечкин Камен.
Кабинетот на Иванов досега не открил кој му врши притисок или обиди за притисок на претседателот.
Листата на потенцијални луѓе, политичари, организации, држави и служби кои можат да се обидуваат да вршат притисок е долга.
Останува на Иванов да каже кои се носителите на обидите за притисок и нивото на притисок. Дали се работи за пријателски и дипломатски обиди или пак за сериозни закани по неговата безбедност.




