Кој висок функционер на СДСМ го угостил Реџепи на денот на (не)гласањето против Владата и го советувал да не оди во Собранието?!


„Висок функционер на СДСМ го угостил Кастриот Реџепи на денот кога не гласаше за уривање на Владата и му дал совет да не оди во Парламентот за таквото гласање, заради евроинтеграциите на Македонија?!“ – објави ТВ 21, а пренесува весникот „Лајм“.



„Лајм“ пренесува: „Откако неколку часа никој не знаеше каде е и зошто не отишол во Собранието да гласа за уривање на Владата, пратеникот Кастриот Реџепи, кога ситуацијата се расчисти, имаше речено дека со негова волја, заедно со семејството бил кај негов пријател, за да се заштити од публицитет во врска со собраниската седница.“

„Но, кај кој пријател бил Кастриот Реџепи?“

„Од извори во редовите на социјалдемократите ТВ 21 дознава дека тој ден и во наредните 2-3 дена пратеникот Реџепи со своето семејство гостувал кај висок член на СДСМ, кој го убедил да не гласа за уривање на Владата на Заев, заради евроинтеграциите и стабилноста на државата. Истиот извор на ТВ 21 истакнува дека домаќинот, кој го примил Реџепи во својот дом, го посоветувал да ја објасни ситуацијата преку своја објава на фејсбук, што овој и го сторил.“

„Потоа кога ситуацијата била помалку турбулентна, домаќинот го посоветувал пратеникот Реџепи да објави и видео – порака со објаснувања околу неодењето во Собранието. Од ова се подразбира дека Реџепи видеото објавено на општествената мрежа го направил од куќата на неговиот пријател – социјалдемократ.“

„ТВ 21 се обиде за сево ова да добие потврда и од пратеникот Реџепи, но тој беше недостапен на телефон“ – пренесува „Лајм“.