Кој убивал свештеници во Македонија од 1941 до 1945 година

Во прегледот за убиени свештеници од 1941 до 1945 година, кој пред Синодот на СПЦ го поднел тогашниот епископ банатски Дамаскин, стои дека 40 свештеници од Македонија биле ликвидирани од Германците, Бугарите, Арнаутите, четниците, недиќевците, љотиќевците, но и од партизаните, пишува новинарот и писател Блаже Миневски за „Нова Македонија“.



(…)

„Во извештајот на епископот Дамаскин од 1947 година, на 5 мај 1941 година во Белград стигнале избеганите „српски архијереи од Македонија“, скопскиот митрополит Јосиф и злетовско-струмичкиот епископ Викентие. Во истиот документ се забележани и голем број убиства на епископи, свештеници и обични верници во окупираните делови на кралска Југославија, а во прегледот за убиени свештеници од 1941 до 1945 година се евидентирани и 40 свештеници од Македонија.

Во скопската епархија, на пример, биле убиени 19 свештеници – четворица од Германците, петмина од Бугарите, четворица од Арнаутите, исто толку од партизаните, еден од југословенската кралска војска и еден од четниците.

Во злетовско-струмичката епархија двајца свештеници убиле партизаните, еден бил убиен од љотиќевците а еден загинал од сојузничкото англо-американско бомбардирање на Македонија.

Во охридско-битолската епархија двајца свештеници убиле Германците, тројца Бугарите и двајца партизаните“, пишува Миневски.