Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето кои тројца министри треба да добијат „метла“ од Владата, на прво место се најде министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки,
На второ е министерот за здравство Венко Филипче, а на трето место е заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Анкетата беше објавена вчера, на 14 веб страници и траеше 24 часа. Во овој период на анкетата гласале 5.750 лица.

На анкетата беше понудена листа од 11 министри во Владата, а најмал дел од нив, односно 3,2 проценти се изјасниле дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска треба да добие „метла“, објави Макфакс.




