Колапсот на јавниот превоз во Скопје е резултат на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, нивната градоначалничка и кавгите за тендери и провизии, обвинува владејачката СДСМ, според која граѓаните на Скопје трпат директни штети поради кавгата на Мицкоски со Арсовска.
Градоначалничката, претседателот на Советот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Сите овие освен што се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска да седнат и да најдат решение за проблемот со јавниот превоз, велад оис СДСМ.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека одговорни за хаосот во Скопје се партнерите од коалицијата „Тачела“ (Ковачевски-Арсовска-. Всушност оваа коалиција стои зад кадрите на СДСМ дополнети со ликови од ДУИ, ГРОМ и Левица кои ги водат јавните претпријатија кон пропаст, а со тоа и Градот кон колапс.
Ако СДС навистина сметаат дека Данела Арсовска лошо го менаџира Градот Скопје зошто не побараат оставка од неа?
Ги повикуваме СДС ако имаат храброст и принципи да побараат оставка од Арсовска? Во спротивно молкот е потврда дека Тачела коалицијата е голема колку и меракот за матни тендери, пари и провизии на нејзините сегменти.







