“ДАЛИ ШЕЌЕРИНСКА ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ОДДАВАЊЕ ДРЖАВНА ТАЈНА!?”, е насловот на анализата на професорот по безбедносни прашања Александар Нацев.
Нацев во својот текст објаснува дека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска направила сериозен прекршок кој е казнив според позитивните правни прописи но никој од овластените служби не ја санкционира вицепремиерката.
“По направениот #безбедносен пропуст се наметнуваат одредени прашања:
Дали министерката ќе сноси #одговорност согласно казнените одредби кои ги предвидува Законот за класифицирани информации?
Дали офицерот за безбедност во Министерството за одбрана, во случајов Раководителот на Службата за воена безбедност и разузнавање кој е надлежен за заштитата на КИ во Министерството за одбрана, ќе сноси одговорност согласно прекршочните одредби кои ги предвидува Законот за класифицирани информации?
Дали Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ќе постапи и преку своите инспекциски тимови ќе го истражи случајот?
Дополнителни аргументи кои сакам да ги додадам се дека документ од ваков вид најчесто се класифицира со степен „Доверливо“ или повисоко. Документот којшто го објави министерката се нарекува Зона на одговорност, во случајов на Третиот Пешадиски Баталјон (3. ПБ). Зоната на операции на овој баталјон е одредена од страна на повисоката единица, а тоа е Командата на Првата Пешадиска Бригада, која е повисока здружено-тактичка единица на АРМ, а над неа е Командата за Операции.
Па така, Зоната на одговорност на секоја од потчинетите единици е дел од севкупниот План за употреба на Армијата, кој е класифициран со висок степен, најмалку со „Строго Доверливо“.
Со овој аргумент, паѓаат во вода сите тврдења на заштитниците на ликот и делото на Шеќеринска кои тврдат дека документот не е класифициран, што е нон сенс, бидејќи објавениот документ потекнува од посеопфатен документ, кој како што реков, со сигурност е класифициран.
?️Дополнително, ваков документ никако не би бил изложен во отворени простории, туку би бил изложен во просторија која е безбедносна зона, најчесто во Оперативен или Тактички Центар, каде што има строга контрола на влез и излез и е забранет внес на мобилни телефони (а видовме дека документот е прикачен во фолдер „Mobile Photos“, што значи дека е сликано и прикачено од мобилен телефон)? или било какви други уреди за сликање и снимање.
Одговорност на овој случај на нарушување на безбедноста на #класифицирана #информација мора да има, бидејќи се прекршени сите правила и процедури за безбедно ракување со такви информации. Ова ли е начинот за исполнување на #НАТО #стандардите и #процедурите за безбедност?”, прашува Нацев за објавениот документ од страна на Шеќеринска.





