Кој тоа таму уценува со избори?

Професорката по уставно право Тања Каракамишева-Јовановска смета дека „најавите“ овие изјави на СДСМ за избори во јуни или враќање на политичката влада на СДСМ и редовни избори во ноември или декември, не одат во прилог на демократските процеси и јакнење на политичкиот консензус во земјата и се изблика на политичка немоќ во јавноста. Според неа, невозможно е на правен начин да се изведе враќањето на политичката влада на СДСМ и продолжување со политичките активности до декември



Таа е децидна дури и сите министри денес да поднесат оставка, дури и Оливер Спасовски денеска да сака да се повлече од позицијата технички претседател на влада, тоа не може фактички да го стори, затоа што во чл. 93, став 5 од Уставот јасно е утврдено дека владата останува на должност до изборот на нова влада

„Со оглед дека Уставниот суд во два наврати се изјасни дека нема да одлучува за одлуката за самораспуштање на Собранието, оваа уцена на СДСМ кон опозицијата е целосно неиздржана и манипулативна, бидејќи само Собранието може да избере нова влада и никој друг, вели Каракамишева.

повеќе