Кој тоа таму лета!?

Поплаките на граѓани на Арачиново во вечерашното издание на дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ21 дека од социјалдемократите што се на власт им било ветено дека од ова село ќе бидат вработени 300 пилоти, предизвика бурни, но пред се комични коментари на социјалните мрежи.



Пренесуваме дел од нив:

Жител на Арачиново вели дека тоа им го ветил „Овие што се на власт сега. Социјалдемократскиот сојуз, да. Значи тоа е најголемата лага што можеш да му ја кажеш на човек, ќе одиш пилот. Се случило и тоа тука во нашето село. Празни ветувања. На младината од Арачиново и останува само да одат по странски амбасади, да бараат визи и да си одат сите од тука“, вели помлад жител на Арачиново.