Пpбедничката партија на парарламентарните избори во Бугарија „Промените продолжуваат“ на Кирил Петков и Асен Василев „Промените продолжуваат” добива 67 пратенички места во новото 47-то Народно собрание.
Втопропласираната партија на експремиерот Бојко Борисов – ГЕРБ, заедно со својот коалициски партнер СДС ќе имаат 59 пратеници. Движењето за права и слободи ќе има 34 пратеници, Бугарската социјалистичка партија 26, а партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ“ ќе има 25, додека „Демократска Бугарија“ – 16 пратеници, а најмал број пратеници ќе има популистичката „Препород“ – 13.
Во недела Централната изборна комисија на Бугарија треба да ги соопшти и имињата на новите пратеници.
Она што е засега извесно е дека меѓу нив нема да биде и името на екс-премиерот Бојко Борисов кој и овој пат – трет по ред, се откажа од пратеничкиот мандат.
Извесно е исто така дека победничката партија ќе се обиде да направи влада но без учество на ГЕРБ на Борисов и Движењето за права и слободи на Ахмед Доган.






