На колу 2000 гласачи во дијаспората може да им биде ускратено уставно загарантираното гласачко право поради небрежност или политичка намера.
Над 1900 македонски државјани кои се обиделе да се пријават преку интернет со цел да можат да го остварат гласачкото право добиле информација дека нивната апликација е одбиена или дека ќе треба повторно да аплицираат, тврдат извори во македонските организации во дијаспората.
Извори блиски до ДИК тврдат дека поради кризата со Корона вирусот и неможност тимови од ДИК да одат на избирачки места на избирачките места во амбасадите на Владата и одговара да не се случат изборите во изборната единица 7 каде што ако има соодветна излезност единствено ВМРО-ДПМНЕ може да добие пратеници.
“Владини фактори бараат креативен начин да се саботираат 2000 пријави од дијаспората заради наводен технички проблем на апликацијата”, тврдат упатени извори во гласачките процеси во дијаспората кои се убедени дека доколку овие 2000 пријави бидат регистрирани тогаш извесно е дека по гласањето на 11 април ВМРО-ДПМНЕ на денот на изборите во Македонија ќе влезе со предност од еден пратеник.




