Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во емисијата Аргумент плус изјави дека жали за смената на министрите, но вели дека не вршел притисок за негова поддршка. Рече дека тој да бил на нивно место, не би го направил тоа што се случи.
„Кој размислува поинаку, кој го поддржува Таравари, мора да се елиминира, што мислам дека не е во ред“, рече тој.
Додаде дека за истото ја критикувале ДУИ. Таравари наведе дека ниту се јавил ниту викнал некого за да бара поддршка. На собранието во Куманово дошле 76 членови од вкупно 133 и сите дошле доброволно
и немало никаков притисок врз нив.







