Кој пуштил полицајци без шлем во прв ред од кордонот за „Монструм“? (ФОТО)

На протести со висок ризик денеска полициски припадници во првиот ред од кордонот беа без заштитни шлемови.



Во инцидентот демонстрантите фрлаа камења од кои најверојатно се повредени две лица но не е потврдено дали повредените се од полицајците кои биле без шлем.

Нејасно е дали полицијата нема доволно шлемови или пак се работи за одлука на планерите на полициската акција.