Кој од раководството на ДУИ не беше во Слупчане

На отворањето на споменикот вреден 200 илјади евра во една од најсиромашните и најзадолжени општини во Македонија се појави речиси целиот врв на партијата на Али Ахмети.



Таму беа сите министри во владата и речиси сите членови централното претседателство на ДУИ но не беа некои видни членови на партијата.

Сепак дел од членството се прашува зошто меѓу присутните или тие што се гледаат на фотографиите немаше неколкумина од врвот на партијата кои не биле зафатени со други активности и требало да бидат поканети.

Прва на листата на отсутни е несудената амбасадорка во САД, ЕУ или Турција Теута Арифи.

Иако многумина во ДУИ очекувале да ја видат Арифи во Слупчане седната веднаш до претседателот Ахмети што ќе значеше знак на поддршка од својата партија во тешките мигови кога огромен дел од јавноста се ,,сити” за одбивањето од Вашингтон, Брисел и Анкара, Теута Арифи ја нема на фотографиите од настанот што ги објавија Ахмети и други функционери на ДУИ.

На фотографиите што ги лиферуваше партијата го нема ниту Муса Џафери долгогодишен ,,Алфа и Омега” во ДУИ.

Партијата и општина Липково не објавува дали Арифи воопшто не била поканета или пак добила покана или не дошла на прославата.

Покрај Арифи кој се смета за дел од политичкото крило во ДУИ кое не учествуваше во војната во 2001 година во Слупчане не беше и екс генералниот секретар, екс градениот началник на Чаир, кандидат за претсестел и екс координатор на пратеничката група во Собранието.

Според фотографиите во Слупчане не биле и неколку други команданти на ОНА кои подоцна направија политичка кариера како Хазби Лика, Рафис Алити и други.