Видеото во кое организаторот на Светосавската академија во чест на националниот празник на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, ги поздравува гостите на настанот открива кој од тројцата македонски гости претседателот Пендаровски, премиерот во оставка Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, доби најголем аплауз на Светосавската академија во Скопје.
Во видеото јасно се гледа дека при најавата на Пендаровски и Ковачевски тие добиваат краток протоколарен аплауз додека за Мицкоски аплаузот траеше многу подолго.
Мицкоски од страна на Стоиљковиќ беше најавен како лидер на најголемата македонска партија.
Се разбира најголем аплауз од сите гости доби српскиот претседател Александар Вучиќ а не помалку беше поздравен и Академик Влада Урошевиќ кој е добитник на Светосавската плакета за 2024 година.
На истиот настан на кој химната на Македонија ја пееше Игор Дурловски одлична изведба на песната Налеј, Налеј имаше српската пејачка Бранка Зечевиќ која ја пееше и српската химна на Светосавската академија.
Зечевиќ со прекрасна изведба на ,,Налеј, налеј” на Светосавската академија (ВИДЕО)






