За безбедноста на францускиот претседател за време на јавни настани е задолжена Безбедносната група за претседателот на републиката (ГСПР).



Службата основана во 1983 година брои 77 припадници.

Француската телевизија „Бе-еф-ем“ извести дека 10 припадници на ГСПР го придружувале Макрон додека се поздравувал со луѓе при што еден од присутните му удри шлаканица.

Извесно е дека работењето на службата и нејзините членови кои беа задолжени за безбедноста на Макрон ќе се најдат во фокус на тамошната јавност по инцидентот.

Францускиот претседател рече дека станува збор за изолиран инцидент, а веднаш потоа беше најавено дека ќе ја продолжи неговата посета на југот на Франција. (Н.М.)