Бугарските власти во засилената кампња се заканија дека ќе им ги одземат пасошите на Македонци во Албанија кои заради докоменти прифатиле бугарски државјанства.
Владини и невладини организации од Бугарија водат кампања на застрашување, пишува „360 степени“.
Неколку дена пред стартот на пописот, регионот Голо Брдо го посети потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотовакоја ги обвини Македонците дека ги асимилирале Бугарите.
„Самите луѓе од таму кажуваат дека последниот месец има луѓе кои им кажуваат дека тие се Македонци, дека не се Бугари и дека претстои попис на кои вие треба да се запишете како такви и така натаму“, рече бугарската потпретседателка Илијана Јотова за БНТ.
Со почетокот на пописот во Албанија започна и кампањата на претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, во сиромашните делови во Голо Брдо.Стојанов се закани дека доколку граѓаните од Мала Преспа не се попишат како Бугари, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.
„До сите жители на Општина Пустец, Албанија. Доколку сега на пописот не се попишете како етнички Бугари, вашите бугарски државјанства ќе бидат одземени во најкраток можен рок, а доколку сте во процес на вадење документи, тој процес ќе биде прекинат. Веќе имаме еден таков случај. Размислете“,порача Стојанов.
Бугарите досега не фигурирале како официјална бројка на албанските пописи, но во 2017 Тирана призна бугарско малцинство во земјата.







