Кој не штеди струја, ќе плаќа повеќе, вели Бислимовски

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во денешното гостување во „Утрински брифинг“ вели дека досега нема поднесено барање на струјата, но потврди дека струјата ќе поскапи.



„Треба да сфатиме дека мора да се штеди бидејќи сме енергетско увозна земја. Сферата на улично осветлување е во доменот на општините и тие ги донесуваат одлуките. Цените на струјата се во драматичен раст.

Затоа ќе воведеме блокови за домаќинствата за да се ограничи потрошувачката на струја, односно да се троши рационално. Ќе има два или три блока за скапата тарифа, а евтината тарифа нема да има блокови и ќе биде неограничена по иста цена.

За скапата тарифа и поделбата на блокови собираме податоци за да определиме една точна категоризација на блоковите.

Има потрошувачи кои живеат во згради и се греат на струја и поентата е тие да не бидат казнети оти немаат услови за друг вид греење.

Но, имаме домаќинства, обично богати домаќинства, кои имаат енормна потрошувачка на струја, вели Бислимоски.

Тој додава дека „казнети“ ќе бидат оние кои имаат енормна потрошувачка на струја, но не и оние домаќинства кои се греат на струја. Потрошувачката во зимските месеци е за 70 отсто поголема од потрошувачката летно време.