Кој на Широк Сокак сака да работи а кој да заработи

Кандидатот за градоначалник на Битола Христо Кондовски испровоцира реакција од опозицијата со неговата вчерашна најава и благодарност до Заев што го избрал да биде кандидат.



“Вечерва ги претставив 10-те топ проекти кои јасно ја отсликуваат визијата за поубава Битола со нов сјај!

Ќе го ослободиме севкупниот општински потенцијал преку изработка на нов ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН како услов за економски развој и просперитет на Битола.
Токму на местото од каде се обратив вечерва, на плоштадот Гоце Делчев, после 4 години ќе стоиме над подземна сообраќајница и подземна гаража. Плоштадот Гоце Делчев ќе добие нов лик, а Широк Сокак ќе стане континуирана пешачка зона”, порача вчера Кондовски на своето претставување.

На објавата на Кондовски реагираше ВМРО-ДПМНЕ од Битола од каде обвинија дека
СДСМ и Христо не сакаат да работат, ТИЕ САКААТ ДА ЗАРАБОТАТ.

“Почитувани битолчани, Нема да дозволиме општинската каса да се троши на бизнис интереси и на делење провизии. Нашите сограѓани веќе го пробаа животот на чело со Христо Кондовски- тоа е живот на рати. Додека тој и неговата струмичка арамиска дружина живеат на висока нога, битолчани кои се осигуреници во неговата фирма ги исплаќа на рати. Тоа е Христо Кондовски- менаџер за живот на рати, стои во Фејсбук статусот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Во објавата пишува дека топ десетте проекти на Кондовски нема да се реализираат ни во наредните 4 ни во наредните 44 години и се посочува дека ако СДСМ и Христо сакаа да работат овие проекти имаа шанса да ги сработат и преку Општината и преку Владата.

– Почитувани битолчани, СДСМ и Христо не сакаат да работат, ТИЕ САКААТ ДА ЗАРАБОТАТ. Проектот Топлификација, кој што сега повторно бесрамно го ветуваат, менторот на Кондовски, Васко Ковачевски, го умре веднаш кога ја освоија власта пред четири години, за пак да го воскресне непосредно пред овие избори. Христо Кондовски – ветува се и сешто за да се добере до пари. Но не му оди од рака. Затоа го прашуваме, дали една од фирмите во кои тој е косопственик и акционер издаде обврзница од 80 милиони денари за да прибере кеш од приватниот сектор, но треба да одговори и дали успеал да собере помалку од 10 %. И еве го разочаран од неговите колеги бизнисмени кои не му веруваат доволно за да ја купат неговата обврзница одлучи да влезе во политика, со надеж дека во општината ќе зграби поголем процент. На Христо Кондовски не му веруваат ниту луѓето од бизнис фелата а бара доверба од сите битолчани? Нема да ја добие. Битолчани, сакаат слобода, сами да одлучуваат што и за колку пари ќе се прави во градот. И најважно од се, не сакаат повеќе лаги и живот на рати, се вели во Фејсбук статусот.