Откако министерот за здравство Венко Филипче вчера најави разрешување на директорот на Центар за јавно здравје, Арбен Зибери, поради тоа што на Фејсбук се пофали дека „тој лично како член на Комисијата за заразни болести, но и во име на ДУИ изфдејствувал да се отворат границите без тестови и изолација и ги повика иселениците да дојдат дома да гласаат за Албанец премиер“, Џaфери му врати:
„Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен Фејсбук профил да имам и политички ставови“, изјави д-р Зибери.
Откако Филипче, објави дека ќе побара смена на директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, Антикорупциската комисија соопшти дека не постојат правни пречки за ваквиот потег.
Не е јасно кој е следниуоит чекор на министерот Филипче…





