Откако дел од јавноста го обвини тимот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски дека го украл слоганот на кампањата на Тереза Меј од кампањата за Брегзит, сега дел од јавноста потсетува дека актуелниот слоган на кандидатот на СДСМ и ДУИ веќе бил искористен лани од истата влада.



Слоганот Заедно напред е веќе искористен за кампањата по повод прославата на денот на независноста 8 Септември лани но тогаш не важел за Република С. Македонија туку за Република Македонија.

Сега истиот слоган се користи за кампањата на Пендаровски што во најмала рака укажува на некреативност но и потценување на јавноста која што веднаш забележа дека се работи за повторување на ист слоган или грубо кажано за кражба на туѓи и стари слогани.

Слоганот кој сега го користи Пендаровски лани го користеле и промовирале и министрите на СДСМ на социјалните мрежи.

Инаку слоганот кој СДСМ преку медиумите го промовираше како дел од кампањата на Пендаровски се уште не може да се најде на интернет што дел од набљудувачите го оценуваат како уште едно потценување на гласачите.