Кој му „копа политички гроб“ на Анѓушев – провладини медиуми објавуваат документи за негови фирми

Провладини медиуми блиски на високи функционери во владата попладнево објавуваат тајни владини документи од кои се гледа дека фирми на вицепремиерот Анѓушев се на пат да добијат државна помош од владата.



Овие фирми во кои делумен сопственик е випцепремиерот можат да добијат финансиска помош од државата надвор од буџетот на Фондот за иновации од чии пари Анѓушев јавно се откажа.

Според владините документи до кои пристап имаат само неколку луѓе во владата фирмите Брако и Каст Инвест во кои сопственик е и Анѓушев уште денеска можеле да добијат државна помош за унапредување на бизнисот.

Да биде апсурдот поголем претседатело на комисијата за евалузација на бизнисните кои ќе добијат државни пари е Софче Јовановска која што е шеф на кабинетот на вицепремиерот Анѓушев.

Заклучокот од евалуацијата е испратен до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Се очекува попладнево, владината Комисија за економски систем, која ја предводи самиот вицепремиерот Анѓушев, да ја донесе прелиминарната одлука за државна помош на повеќе фирми, објавува денеска Алсат – М.

Според теелвизијата извештајот со позитивна евалуација за фирмите, меѓу кои и оние каде удел има и вицепремиерот Анѓушев бил веќе испратен на 19-ти овој месец. Потпис ставила Софче Јовановска, а меѓу членовите има и други владини претставници. Во делот на оценка за компанијата „Брако“, Комисијата напишала:

Државна Комисија за евалуација:

„Комисијата е на мислење дека компанијата ги исполнува условите за добивање на финансиска поддршка заради: Врши производствена/и дејност/и – 25.93. Производство на жичани производи, синџири и пружини; инвестицискиот проект од деловен план е врзан со производствената дејност; има раст на приходи и има ист, односно пораст на вработени.“

Освен „Брако“, на листата на позитивно оценети фирми е и Друштвото за трговија и услуги КАСТ ИНВЕСТ ДОО. Токму оваа фирма беше и на списокот добитници на пари од државата од Фондот за иновации и технолошки развој. И за оваа компанија, Комисијата за евалуација е со мислење дека фирмата ги исполнува сите услови за добивање државна парична помош.

Помошта за сите фирми кои ги евалуирала Комисијата е направена по измените на Законот за поддршка на инвестиции зад кој цврсто застана самиот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Од собраниската говорница тој убедуваше дека измените ќе овозможат транспарентна постапка за државна помош на фирми, пракса која во минатото според него, била заобиколувана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, финансирајќи дваесетина фирми со милионски суми, пишува Алсат – М.

Анѓушев е далеку најбогатиот член на владата со пријавени над 30 милиони евра имот.