Владина објава за посета на премиерот Заев иницира вирална реакција на социјалните мрежи откако една од фотографиите покажа дека направата на која тој нешто работи пред камерите воопшто не е приклучена во струја.
Дел од ироничните коментатори бараат да се најдат тие што го извадиле кабелот од штекер.
Тој што му ја исклучо струјата за да го заебава аир да не види 😂😂😂😂 pic.twitter.com/VS01InZcOW
— ДОРЧО (@Dorcobre) July 26, 2021
Други пак тврдат дека фотографијата е вистинската слика за тоа како функционира македонската влада.
Владата на Република Ѕеверна Македонија во една слика.#СвеЈеЛаж pic.twitter.com/Da570qSbbp
— МаќеТо (@Maket099) July 26, 2021
Владата пред два дена се пофали дека реконструирала училиште.
Младите од Охрид и регионот добиваат современо училиште за средно стручно образование.
На увидот на работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на ОЕУЦ „Св. Наум Охридски“ беше истакнато дека училиштето доживеа речиси целосна реконструкција и обнова. pic.twitter.com/3YcIjqvONG
— Влада на Република Северна Македонија (@VladaMK) July 24, 2021






