Од видеото кое се појави на социјалните мрежи а кое е снимено од руски дипломат присутен во салата се гледа дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не се поздравува со никого додека се упатува кон своето столче на конференцијата на ОБСЕ што се одржува во Скопје.
За време на минувањето на Лавров низ салата Борис Трајковски, која е освежена со неколку милиони евра, на рускиот министер не му приоѓа да се поздрави ниту еден колега министер или друг дипломат.
Единствен кој на видеото се поздравува со него е Лука Бекари, министерот за надворешни работи на малата држава-град Сан Марино која е исто така членка на ОБСЕ а која според протоколот мора да седи до претставникот на Руската федерација.
Лавров и Бекари се поздравуваат кога рускиот министер седнува на своето столче.
Столчето на Романија од левата страна на Лавров е празно затоа што романскиот шеф на дипломатијата најверојатно во знак на протест не сакал да седи до рускиот министер.
Видеото на овој линк
Најнови статии
Средба Мицкоски-Сијарто: Од неразумни причини Македонија предолго е надвор од ЕУ






