За потребите на ВМРО ДПМНЕ, агенцијата ИПСОС од 02.03 до 16.03.2022 година извршила теренска анкета на 1 007 испитаника а меѓу прашањата има и едно кое се однесува на довербата на граѓаните во политичарите.
Според брифингот од партијата политичар со најголема доверба е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 9 проценти.
Од блокот на социјалдемократите најголема доверба има претседателот Пендаровски, потоа следува премиерот Ковачевски и на крајот екс премиерот Зоран Заев.
Прашањето и одговорите:
На која личност можете највеќе да верувате?
Христијан Мицкоски 9%
Стево Пендаровски 6%
Димитар Ковачевски 4%
Димитар Апасиев 3%
Али Ахмети 3%
Зијадин Села 2%
Зоран Заев 2%
Анкетата го мерела и рејтингот на партиите






