Кој лаже за Македонија: Шолц или БГНЕС?

Дали германскиот канцелар дал две различни изјави за (не)исполнетите услови на Македонија на патот кон ЕУ или бугарската агенција БГНЕС лаже за позициите на Шолц.



Според агенцијата МЕТА Шолц утрово во Скопје изјавил дека Македонија ги исполнува сите предуслови за почеток на преговори.

Според БГНЕС Шолц од Софија порачал дека Македонија допрва треба да ги исполни сите услови за почеток на преговори.

Шолц важи за сериозен политичар кој досега не давал лажни изјави а БГНЕС за најсериозна бугарска агенција.