Кој колку заслужува: Конгресмени, лекари, плати, пратеници…

По најавите за енормно зголемување на платите на функционерите за дури 78%, но не и за оние кои со професионалност и труд заработуваат за живот, д-р Нико Беќаровски со пример како на тој план стојат работите во други земји.



Конкретно, кој е соодносот на платите на конгресмените наспроти лекарите во една Алерика:

„Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно.

Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи.

Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари.

Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.