Кој ќе одговара за смртните последици – Нефрологот Николов објави здравствен скандал во најава

Које ќе одговара за потенцијалните грешки со смртни и други последици ако кадар со несоодветно искуство и образование дојде на чело на важна македонска здравствена институција каде секојдневно има стотици пациенти кои може да се и во смртна опасност.



Ова прашање го поставува нефрологот и пратеник Игор Николов.

,,Да му дадеме шанса!?? Нов директор на Клиника за токсикологија и ургентен интернистички центар ќе биде лекар по семејна медицина. Никогаш не работел во болница ниту клиника. Дали ќе биде после министерска грешка или лекарска грешка???”, прашува Николов во обид да превенира катастрофални последици од кадровската политика на власта која обидувајќи се да стави партиска контрола врз здравството може да го уништи истото.

Николов во постот ги користи хаштазите:
#НегативнаСелекцијо
#ДоКога