Кој ќе одговара за неисправните хидранти во “Глобал”?

Според македонските закони за исправноста на инсталациите во објекти од јавен карактер постојат процедури и одговорни лица кои според пишувањата на медиумите и изјави на очевидци затаиле во пожарот во струмички “Глобал”.



Овие лица ако досега не се повикани во истрагата ќе мораат да дадат свое видувања за настаните и да преземат одговорност.

“Натчовечки напори вложија струмичките пожарникари и нивните колеги за локализирање на пожарот во трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица. Огнот којшто зафати голем дел од внатрешноста на објектот им оневозможуваше на пожарникарите да влезат и одвнатре да реагираат, бидејќи според првичните информации, огнот тргнал некаде од задниот влез што се користи за дотур на стока. Затоа, беа принудени да кршат стакла на првиот кат на објектот и оттаму да влегуваат, но и на неколку локации од надворешниот дел, особено откај катната гаража, којшто не беше во пламен”, објави струмичката ТВ КаналВис која пишува за проблемот со неисправните хидранти кои доколку беа исправни штетата можеше да биде далеку помала.

“Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во објектот не бил во функција, односно немал вода. Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот. Тие пак, се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни. Ваквите услови ги принудиваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време”, пипува во веста на порталот што ја пренесе А1он.

Оваа изјава на пожарникарите пренесена од два медиуми мора да биде истражена од Јавното обвинителство кое ќе ја врши истрагата за пожарот во “Глобал”.

Ако се утврди дека одговорните лица знаеле дека хидрантите не функционираат тие имаат сериозен проблем што може да заврши со затворски казни.

Изјавата на пожарникарите но и видеата од гаснењето на пожарот на кои се гледа дека пожарникарските црева не се прикачени на хидранти укажува на сериозно прекршување на законите за безбедност поради што одговорните физички и правни лица се соочуваат со сериозни казни.

Линк до ТВ КаналВис
Линк до А1он