Кој ќе одговара за „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13!?


На второто рочиште за предметот кој се однесува на невладината организација Меѓународен сојуз  на Боки 13, треба да се произнесат Бојан Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, Фросина Ременски, асистентката на Боки Христина Блажевска и таткото на Боки, Миле Јовановски.



Обвинителството тврди дека двајца бизнисмени биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, едниот сума од 719.905, а другиот 233.821 евра.

Плусинфо