По инфото дека на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот на државата Стево Пендаровски, не се појавија техничкиот премиер Оливер Спасовски и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кои најверојатно ќе мораат во изолација по вчерашната средба со градоначалникот на Куманово – позитивен на коронавирус, се постави прашањето кој ќе ја предводи Владата во наредниот премиер.
На социјалните мрежи веќе се поставува ова прашање со „заклучок“ дека актуелната министерка за одбрана и вицепремиер, Радмила Шекеринска, е најверојатниот „човек“ што ќе ја предводи Владата во период кој нема да биде ни најмалку лесе, почнувајќи од денешната одлука „за“ или „не“ за продолжување уште 30 дена на вонредните мерки.
Од Кабинетот на вицепремиерката за „Експрес.мк“ изјавија дека немаат коментар за ова но препорачаа да се следат искуства од други земи.
На пример,ситуацијата во Велика Британија откако актуелниот пртемиер Борис Џонсон, беше позитивен на Ковид -19.





