зградите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ долго време изгледаат вака…..баше да има плус
Зградите на два нови факултета – за физичко образование и за информатички науки, веќе 8 години сѝе во фаза на карабина откако штипската фирма „Бетон“ прогласи стечај.
Од Министерството за образование, како инвеститор на објектите, велат дека во годинашниот буџет обезбедиле пари за нив. Ќе има тендер за нов изведувач, дознава „Алсат“.
„Сега сме во постојана комуникација со универзитетските власти и во рамките на Министерството за образование и наука се обезбедени средства и за оваа намена. Се прави последната подготовка, поточно последните консултации за тендерската документација и многу скоро ќе има јавен повик за избор на изведувач и за продолжување на градежните работи на овие два факултета“, рече Агим Нухиу, заменик министер за образование и наука.
За овие два објекта досега се потрошени 3,3 милиони евра. Фирмата „Бетон – Штип“ во 2015 година го доби тендерот од 20 милиони евра за изградба на двата факултета, но во 2019 година фирмата отиде во стечај.
„Бетон-Штип“ стана дел од истрагата за случајот „Тендери“ на СЈО за повеќе објекти од проектот „Скопје 2014“.







