Државниот инспекторат за животна средина објави дека се спроведува вонреден инспекциски надзор во Дрисла, откако вчера беше објавено видео на кое во Маркова река, кај селото Батинци се слеваше црно кафена течност.
„По телефонска информација од граѓани од Батинци, Студеничани за загадување на Маркова река во претпладневните часови на ден 4 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Генерален Инспектор за животна средина кај правен субјект Дрисла и на потегот влив на канал во Маркова река, при што од страна на акредитирана лабораторија за животна средина се земени 3 мостри од водата за лабораториски испитувања по што ќе се финализира инспекциската постапка.
При увидот визуелно е утврдено загадување на водите на Маркова река со црно-кафеава течност“ соопштија од Инспекторатот во објава на Фејсбук.








