Граѓани информираат дека околу 14 часот во населба Ајдучка Чешма во Куманово наспроти штабот на една политичка партија на власт во просторија за гласање се отвараат избирачки кутии со гласачки ливчиња.

Како што се гледа на фотографијата иако гласовите кои се собрани денеска од болни и изнемоштени лица според закон треба да бидат утре наутро уредно отворени и пребројани од страна на избирачкиот одбор сепак кутијата се отвара денеска.
Дали е оваа обид за изборна манипулација која што треба да резултира со измама во изборниот процес во Куманово каде, прашуваат граѓаните.
Правилникот за избори стриктно налага правила кога и како се отпечатуваат и симнуваат пломбите и капаците на избирачките кутии, кога и како се пребројува материјалот и кој е овластен да го прави тоа и во чие присуство.
На потег се МВР кој го води кумановецот Оливер Спасовски, ДИК и Јавното обвинителство.
Во моментов од терен во населба Ајдучка Чешма во Куманово наспроти штабот на СДСМ во просторија за гласање се отвара избирачкиот материјал и како што се гледа на фотографијата иако истиот според закон треба да биде наутро уредно отворен и пребројан од страна на избирачкиот одбор pic.twitter.com/cti4s3Bvmi
— Pekarot Od Panama (@PekarotP) October 16, 2021





