Кој и зошто ги линчува македонските лекари?

Во ситуација кога во некои развиени земји се носат декларации според кои здравствените работници за време на пандемија и други вонредни околности се заштитени, обезбеден им е имунитет на одговорност во случај на загуба во текот на медицинскиот третман, кај нас лекарите сѐ почесто седнуваат на обвинителна клупа, пишува Александар Дамовски во анализа за мкд.мк.



Д-р Бобан Вучевски е еден од обвинетите во случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово. Пред секое судско рочиште, пред зградата на тетовскиот суд протестираат граѓани кои се обидуваат на судот да му укажат дека се работи за неправедно обвинет лекар. „За време на ковид кризата, д-р Бобан го даде својот максимум и покажа како треба да изгледа еден доктор. Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да размисли за нивните предлози и каква одлука ќе донесе судијата. Во ниту еден случај не смее да се амнестираат виновници, меѓутоа вистинските виновници не се денес овде во судот. Да се работи за лекарска грешка, во ред, но овде се работи за техничка грешка за која треба да одговара некој друг“, велат учесниците на протестите пред судот во Тетово.

Вучевски е обвинет дека дозволил роднини да се грижат за заболените од ковид во ситуација кога нашиот здравствен систем немаше доволно здравствени работници за нега на болните, кога бројките на болни на еден здравствен работник беа далеку над просекот.

И бројот на здравствени работници на 100 илјади население (270) во Македонија е далеку под европскиот просек.

Просекот на смртност на пациентите заболени од ковид во клиниката „Жан Митрев“ исто така беше двојно помал oд бројките во Инфективната клиника во Скопје, па сепак тоа не беше никаква пречка за судски процес против клиниката за начинот на лечење на ковид-пациентите.

Сведоци сме на она што деновиве се случува во битолската болница. Во врска со овие случаи јавноста веднаш прстот го впери кон дежурните лекари, кон здравствените работници и наводната нивна неспособност и неодговорност.

За сите овие случаи Лекарската комора на Македонија како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина изразува голем револт и осуда за јавниот линч на кој се изложени лекарите заради поединечни случаи на неповолен исход од лекувањето, без притоа да има утврдена одговорност.

Во изјавата за МКД.мк од Лекарската комора велат дека во јавноста се создава атмосфера во која се гради мислење дека најголем дел од лекарите работат нестручно и несовесно, што е сосема неточно и спротивно на реалната состојба.

„Таквата атмосфера создава незадоволство и чувство на револт кај докторите кои одговорно, стручно и посветено секојдневно даваат здравствена заштита и се грижат за здравјето на голем број пациенти во условите кои постојат во здравствениот систем. При медиумското известување за одредени случаи сосема се занемарува фактот дека медицината и докторите немаат секогаш решение кое ќе ги даде бараните резултати и дека во некои случаи текот на болеста се комплицира и покрај тоа што е преземено и постапено согласно медицински протоколи“, велат од Лекарската комора.

Повеќе на мкд.мк

Вчера expres.mk ја објави вистината за битолскиот лекар кој воопшто не бил дежурен кога почина бебето на родилка во Битола а кој сепак е прогонуван од менаџментот на болницата без никаква причина.

Чија кујна сака да го уништи најдобриот битолски млад гинеколог