Од утринава пред новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска да ја преземе својата функција во градскиот парк во Скопје започнала изградба на објект за кој засега нема прецизни информации.
Извори во град Скопје тврдат дека се работи за изградба на нова летна сцена која претходно ја договорил и тендер распишал екс градоначалникот Шилегов.
Други извори велат дека луѓе блиски на СДСМ прават обид со почетокот на изградбата и уништувањето на паркот Арсовска да биде обвинета дека веднаш почнала со уништување на паркот кој е белодробие на Скопје.
На потег се градските власти но и инспекторатот за животна средина да објаснат зошто се уништува паркот.
Последни вести
Полека сфаќаат дека е дојден крајот за нивните и функциите на нивниот шеф
Најблиските соработници се простуваат од Заев како премиер (ФОТО)





