Во вторник ќе биде свикан на конституитивна седница 10-от арламентарен состав, но прашање е дали на 4 август ќе биде избран и идниот претседател на Собранието, наследник на Талат Џафери.



Шансите за избор на спикер истиот ден се многу мали, со оглед на тесниот распоред на сили по изборите, така што се уште не се гледаат јасно контурите на владејачката коалиција на „Илинденска“ коментира „360 степани“.

Џафери, денеска, го потпиша решението за свикување на конститутивната седница. Но прашање е дали тој ќе закрепне целосно до 4 август за да може и да претседава со првото заседание.

Во спротивно, прв „поканет“ да ја води седницата би бил највозрасниот пратеник – Стојан Миланов од Социјалистичката партија, која е во колаиција со ВМРО-ДПМНЕ. Следен според возраста е Илија Николовски од Партијата на пензионерите, односно од коалицијата на СДСМ.