Околу 30 милиони денари издвои Град Скопје за уништување на комарци, но сѐ уште не е избрана фирма што ќе ја врши дезинсекцијата.
„Градот Скопје годинава на 4 февруари распиша оглас за јавна набавка за превентивна дезинсекција против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци и таа траеше до 21 март. Во моментов се врши евалуација на пристигнатите понуди, по што веднаш ќе се потпише договор и ќе започне дезинсекцијата…Предвидено е пет пати да се изврши авионска дезинсекција во периодот мај – септември, како и трипати против ларви од комарци, започнувајќи од април – информираат од градот.
Додека градот Скопје врши евалуација во Гевгелија веќе е извршено прскање против ларви од комарци, а до 15 април ќе се изврши уште едно, дознава „Нова Македонија“.





